Здравствени придобивки на боровинката

Боровинката е исклучително здрава состојка, која освен што може да ви помогне да ослабнете, нуди и исклучително важни  здравствени придобивки. 
Боровинките значително ги регулираат масните клетки, тврдат научниците. Освен што ги разоруваат, поттикнуваат и создавање на нови клетки без масти и така создаваат извонредна превенција против здебелувањето одново. Дека сврстувањето на боровинките помеѓу најздравите намирници е оправдано покажува и фактот што тие помагаат во превенцијата од срцеви заболувања и дијабетес.
Боровинките се извонреден извор на витамин Ц. Во една просечна порција има околу 14 милиграми или 25 проценти од препорачаната дневна доза за витамин Ц.
Овој витамин е неопходен за формирање на колагенот и за одржување на непцата и капиларите. Тој, исто така помага и во апсорпцијата на железо, а со неговото конзумирање се подобрува целокупниот имунолошки систем. Боровинките се добар извор на диетални влакна, а со оглед на тоа што во нашата исхрана недостасуваат овие влакна, боровинките се препорачани. Диеталните влакна придонесуваат за здравјето на срцето, а го држат и нивото на холестерол под контрола.  Колку протеини навистина му се потребни на организмот? Овие чудотворни топчиња се и одличен извор на манган, а тој игра важна улога во развојот на коските. Боровинките содржат и супстанци кои имаат антиоксидантни својства. Антиоксидансите помагаат во неутрализирање на слободните радикали, кои се нестабилни молекули поврзани со развојот на голем број болести, меѓу кои и ракот, кардиоваскуларните болести и друго.
 

Поврзани блог статии