Препорачано

10 заповеди од искусните собирачи на печурки

Берењето на печурки за некои собирачи претставува хоби, а за некои задоволство и добро поминато време во природа. Ако сакате да берете габи треба да знаете како да ги берете и каде да ги барате. Со правилно берење шансите габите да се појавата на истото место се поголеми.

Искусните собирачи на габи знаат кои се поволните места за берење. Затоа откако ќе ги запознаете пределите ве советуваме да ги почитувате 10 заповеди на искусните собирачи на габи.

10 габарски заповеди
  1. Не ги носи габите во затворени торби, канти, ПВЦ вреќи или слично. Во предвид доаѓаат само плетени или корпи низ кои минува воздух.
  2. Не јади сомнителни примероци на габи: премлади, престари, ситни, смрдливи, горки и лути.
  3. Не јади габи кои си ги добил од "добар" самоук познавач на габи.
  4. Не мешај во корпа габи кои се јадат, со сомнителни или отровни габи.
  5. Не бери и не јади габи кои сигурно не ги познаваш.
  6. Нема ниту едно општо правило со кое отровните габи би се разликувале од оние кои се јадат. Не се јадат сите габи кои растат на дрво, ниту сите оние кои ги јадат разни животни, ниту сите оние кои не ја менуваат бојата на месото. Бери ги само оние кои добро ги познаваш.
  7. Јадењата од габи се приготвуваат веднаш по бербата, евентуално вториот ден. габите веднаш треба да се исчистат и да се конзервираат. не ги загревај јадењата од габи и не ги држи габите сирови или приготвени во фрижидер. Не јади габи во големи количини, бидејќи повеќето се тешко сварливи.
  8. Секоја габа која ќе ја набереш, уште еднаш дома прегледај ја и консултирај стручна литература, доколу не си сигурен прашај ги оние лица кои се стручни за габи. Не експериментирај на себе и на своите блиски со јадење на сомнителни и недоволно познати габи.
  9. Прав познавач и љубител на габи се станува лесно со истрајно проучување на литература, размена на искуства меѓу лицата кои ги познаваат габите, одење на предавања и изложби на габи во организација на стручни габарски здруженија.
  10. Секогаш имај на ум дека " претпазливоста е мајка на мудроста".
 

Поврзани блог статии