Брз сос за тестенини со повеќе видови печурки од Џејми Оливер

За жал ретко се наоѓаат во исто време различни видови печурки, па може да го подготвиме со ист вид или 2-3 вида печурки. Подготовката е екстремно лесна, а вкусни се... до небо и назад.

Не мора да се користат макарони, може кои било тестенини. За половина килограм тестенини, можете да користите окулу половина килограм печурки, комбинација по желба. Значи, видовите на печурки ги одбирате сами. Пожелно е да се свежи. Ставете сад со вода да зоврие. Во садот ставете ги тестенините и намалете ја јачината на огинот.

Додека се варат тестенините исецкајте ги печурките на парчиња, големина по желба. Пржете ги во врело масло.

Џејми Оливер вели дека ако ги ставите во врело масло ќе се спржат, ако ги ставите во млако ќе се варат.

Кога убаво ќе се испржат печурките додадете го изренданиот кашкавал, промешајте убаво да се соедини и растопи и на крај додадете го сокот од лимон. Во голем сад соединете ги тестенините со печурките и убаво промешајте. Толку! Брзо, едноставно и најважно вкусно! Само додадете сушен или свеж босилек.

Поврзани блог статии