Одличен посен ручек за тие што постат, а може да биде и убав прилог доколку го подготвите со месо. Подготовката е лесна и јасна.
Свежиот вргањ се мие, се вари, се цеди и се сечка на парчиња. Кромидот се сечка ситно, исчистениот морков се сечка на лентички. Се динстаат заедно со малку масло и 1 филџан вода. Се додава исечканиот вргањ, се пржи на тивко додека порумени.
На крај се додава мешаниот сув зачин, шарената сол и останатите зачини. Се пржи уште малку додека се сплотат мирисите.
Како гарнир може да се стават испечени зачинети компири, ориз или друг додаток по желба. Се дотура сол по потреба.