Припремете и уживајте во овие 4 специјалитети со вргањ

Вргањ, кралот на печурките. Со следниве специјалитети можете да уживате во неговиот вкус. Според народните верувања се смета дека печурката вргањ растe кога врнe и кога има силни грмотевици.

Токму затоа Јапонците уште од дамнешни времиња со помош на звук од тапани го стимулирале растот на оваа печурка, а први кои почнале да го одгледуваат вргањот се Кинезите.

Доколку решите сами да берете вргањ задолжително консултирајте се со некој кој е стручен во тоа или најдобро купете ги на пазар и уживајте во неговиот вкус без никакви сомнежи.

Постојат голем број на рецепти за припрема на вргањот. Но, за да го почувствувате неговиот вистински вкус треба да го пробате суров. Секако дека мора да биде потполно млад и здрав за консумација. Насечете го на резанки и додајте му малку крупно исечкани бадеми, неколку капки маслиново масло и оцет балсамико. Посолете го со сол и не заборавајте да го забиберите - печурките во сите варијанти совршено одговараат со мелен пипер. Кога веќе сте пробале суров вргањ, можете да го подготвите по желба. Оваа печурка обожава експерименти, исто толку колку што одговара да биде приготвен на класичен начин со јајца. Најдобар е кога се служи топол.

Припремете и уживајте: 

1.ОМЛЕТ ОД ВРГАЊ И ЈАЈЦА (за 2 лица)
Потребни состојки:
  • 75 гр ситно сечкан црвен кромид
  • 150 гр свеж вргањ
  • малку црн пипер
  • малку вегета
  • 25 гр маргарин или путер
  • 3-4 јајца.
Подготовка: Го растопуваме маргаринот/путерот и во него го додаваме сечканиот кромид малку да зарумени. Го додаваме вргањот исечен на резанки, додаваме малку врела вода колку да се попари, па се остава да продинста додека не се намали на половина од својата големина. Потоа ги додаваме изматените јајца и наросуваме со вегета. Промешуваме и пржиме. Омлетот од вргањ се служи топол.

2. ГОВЕДСКО ФИЛЕ СО СОС ОД ВРГАЊ
отребни состојки:
  • 600 гр говедско филе
  • 400 гр вргањ
  • поголема главица кромид
  • 300 мл бујон од вргањ
  • 100 мл неутрална павлака
  • вегета, сол и масло.
одготовка: Говедското филе исечете го на четири парчиња, секое посолето го и пропржете го од двете страни да се зацрвени. Додајте го вргањот и ситно сечканиот кромид, па сите заедно да се динстаат со повремено полевање од бујонот од вргањ и неутралната павлака. Оставете да зоврие, па зачинете го и послужете. 

3.ВРГАЊ ВО СЛАНИНА
Потребни состојки:
  • 400 гр вргањ (помали парчиња)
  • 150 гр листови сланина
  • 120 гр сушен домат
  • маслиново масло, сол.
Подготовка: Помалите парчиња вргањ насечете ги на четвртини, посолете ги и завиткајте ги во листовите сланина. Додајте само малку маслиново масло во тавата, добро загрејте го и ставете ги завитканите ролнички кратко да се потпечат. Потоа додајте го сушениот домат и веднаш послужете.

4. ЈУНЕШКИ ГУЛАШ СО ВРГАЊ
Го сецкаме ситно кромидот и морковот по можност во сецко и го ставаме во тенџере да се пржи на тивко го додаваме и месото исецкано на коцки и тоа да се запржи. Потоа ги додаваме и печурките (ако се суви предходно накиснати во вода), се убаво запржуваме на тивко. Кога е готово, додаваме вино, вода, сенф и зачини. На тивко динстаме околу два часа (односно зависно од кога ќе биде готово месото). При крај кога е го спремаме оризот во тава со капак или тенџере додаваме 600мл. вода да зоврие го истураме оризот претходно убаво измиен, додаваме малку масло и сол. Кратко врие па го исклучуваме и оставаме оризот да ја впие цела вода. Сервираме во чинија, првиме прстен од оризот, а на средина го истураме гулашот.

Поврзани блог статии