Нашето поднебје е идеално за производство на разни земјоделски производи. Меѓу широката палета сливата се наоѓа на листатa на најздрави и најбогати овошја со антиоксиданти. Модрата слива Stenley е вистински природен мултивитамин.
Соодносот на витамините кои ги содржи ова овошје со ниска енергетска вредност е оптимален за човечкиот организам. Нивниот одличен вкус доаѓа од добриот однос на шеќерите и овошните киселини.
Модрата слива освен свежа ви ја нудиме и замрзната, без семки, сечена на половинки.