Неколку зборови за нас

Слога 88 ДОО Радовиш, е приватна компанија со седиште во градот Радовиш, Република Македонија, која успешно функционира повеќе од 25 години. Во Април 1988 година започнува како мала фамилијарна компанија која се занимава со трговија на прехрамбени производи, за да низ годините прерасне во компанија чија главна дејност е откуп, преработка и извоз на шумски плодови, пред се на шумски печурки.
Денес компанијата располага со модерен и простран погон за откуп и преработка на шумски печурки како и со одлични капацитети за мрзнење и сушење. Нашите производи се извезуваат во Италија, Шпанија, Швајцарија и Германија.
Во склоп на нашата компанија работи СЛОГА МАРКЕТ. Во маркетот можете ја погледнете палетата на нашите производи, био храна од други добавувачи како и разноврсна трговска стока за секојдневна потреба во домакинствата. Контакт: Верче Трајкова- менаџер во Слога Маркет, e-пошта: verce.trajkova@sloga88.mk, тел: 078 35 77 18
Нашите основни вредности : стратегија, напорна работа, резултати, задоволни клиенти

Погледнете ги нашите производи